Политика за приватност
Политика за приватност – Ансезо ДООЕЛ увоз-извоз Скопје
Анзезо ја почитува приватноста на посетителите и корисниците на веб-страницата https://ansezo.mk и се обврзува да го заштити нивното право на избор при споделување лични податоци. Оваа Политика за приватност се однесува само на оваа веб-страница, и не важи за податоци собрани на други начини, ниту за податоци собрани преку други веб-страници поврзани преку линкови.
Обработката на личните податоци се врши во согласност со законите на Република Северна Македонија и Општата регулатива за заштита на личните податоци (GDPR).
1. Согласност
Со користење на веб-страницата и со прифаќање на оваа Политика за приватност, давате согласност за собирање и обработка на Вашите лични податоци под условите наведени овде.
2. Дефиниции
„Личен податок“ – информација поврзана со идентификувано или идентификувачко физичко лице (име, е-пошта, телефон, IP адреса итн.)
„Посебни категории лични податоци“ – податоци кои откриваат етничко потекло, политички ставови, верски убедувања, здравје, биометриски податоци, сексуален живот и слично.
„Обработка“ – секоја операција врз личните податоци (собирање, чување, увид, користење, пренос, бришење итн.)
„Субјект на податоци“ – физичко лице чиј податок се обработува.
„Овластено лице“ – лице вработено или ангажирано во Анзезо со овластен пристап до податоци.
3. Администратор на лични податоци
Анзезо ДООЕЛ увоз-извоз Скопје
Адреса: Бул. Крсте Мисирков бр.7 Скопје, Р.С. Македонија
Телефон: +389 74 245-438
Е-пошта: info@ansezo.mk
Веб-страна: https://ansezo.mk
Офицер за заштита на лични податоци
Име: Климент Јанкоски
Е-пошта: info@ansezo.mk
Телефон: +389 74 245-438
За сите прашања околу обработка на податоци или остварување на Вашите права, можете да не контактирате на наведените податоци.
4. Кои податоци ги обработуваме
4.1. Податоци собрани при посета на веб-страницата
- IP адреса
- Тип на уред/пребарувач
- Податоци добиени преку колачиња, согласно Политика за колачиња
- Аналитички податоци за користење на веб-страницата
4.2. Кога ќе нè контактирате (телефон/е-пошта)
- Име
- Е-пошта и/или телефон
- Секоја дополнителна информација што доброволно ја давате
4.3. При пополнување на онлајн форми
- Име
- Е-пошта
- Секој податок внесен во пораката
4.4. Кога аплицирате за работа
Податоци што ги давате самите, како:
- Име, е-пошта, телефон
- Податоци внесени во CV (адреса, образование,
искуство, биографски податоци итн.)
4.5. Технички и статистички податоци
Овие податоци не Ве идентификуваат директно и се користат за подобрување на квалитетот на услугата.
5. Цел и правна основа за обработка
Вашите податоци се обработуваат за следниве цели:
- Обезбедување услуги преку веб-страницата
- Одговарање на прашања и барања
- Анализа и подобрување на услугите
- Процеси за вработување
- Исполнување законски обврски
- Заштита на легитимни интереси на компанијата
Правни основи:
- Ваша согласност
- Исполнување законска обврска
- Склучување или извршување договор
- Легитимен интерес
- Заштита на витални интереси
- Јавен интерес
6. Колку долго ги чуваме податоците
Податоците се чуваат:
- онолку колку што е потребно за целта за која се
собрани - според законом утврдени рокови
- до повлекување на согласност
- до поднесување приговор (кога основа е легитимен
интерес)
Податоци од апликации за работа:
- успешни кандидати → се чуваат како дел од досието за вработување
- неуспешни кандидати → се бришат најдоцна во рок од 5 дена по завршување на процесот
- со ваша согласност → може да се чуваат подолго за идни можности
7. Ваши права како субјект на податоци
- Право да бидете информирани
- Право на пристап до Вашите податоци
- Право на исправка
- Право на бришење (право „да се биде заборавен“)
- Право на ограничување на обработка
- Право на преносливост
- Право на приговор
- Право на повлекување согласност
За остварување на овие права: info@ansezo.mk
8. Со кого ги споделуваме личните податоци
Вашите податоци може да бидат споделени со:
- доверливи ИТ партнери (хостинг, аналитика, маркетинг алатки)
- провајдери кои обработуваат податоци во наше име
- органи и институции кога тоа го бара закон
- партнери надвор од ЕЕА само ако обезбедуваат соодветна заштита
Никогаш не ги продаваме, не ги издаваме и не ги објавуваме Вашите податоци без правна основа.
9. Право на жалба
Ако сметате дека Вашите податоци се обработуваат спротивно на закон, можете да поднесете барање до:
Агенција за заштита на лични податоци
Веб: https://azlp.mk/
10. Ажурирање на Политиката за приватност
Анзезо го задржува правото да ја менува или дополнува Политиката за приватност. Секоја измена ќе биде објавена на https://ansezo.mk и стапува на сила од моментот на објавување.
Корисниците имаат обврска периодично да ја прегледуваат оваа Политика.
